Илустрација / Фото: Aaron Amat / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Момче изело 150 јајца за само 5 дена: „Речиси ми стана зависност, лудо!“

Во светот на здравјето и исхраната, честопати се среќаваме со широк спектар на диети и диететски предизвици, но малкумина се подготвени да ги подложат своите тела на екстремен тест со јадење само јајца, пет дена по ред.

Џошуа Алард, 25-годишник од Оклахома, одлучил да изеде дури 150 јајца за пет дена за да истражи како таков режим влијае на телото и умот. Неговата приказна не само што изненади многумина, туку и поттикна важни размислувања за границите на навиките во исхраната, нивните ефекти врз здравјето и природата на човечкото тело, пишува „ Дејли мејл“.

Познат по промовирањето на таканаречената техника „looksmaxing“ за подобрување на физичкиот изглед, Алард го документирал процесот на оваа диета во видео на Јутјуб.

Тој купил кутија со 150 ајца за 36,45 долари во продавница за храна и ја опишал како „супер зделка“. Тој јадел пет оброци дневно, секој содржел околу шест јајца, без друга храна или додатоци.

На крајот од петдневниот предизвик, тој откри дека е „многу, многу слаб“ и сподели фотографии на кои се гледа неговиот драматичен изглед, што ги остави многу гледачи воодушевени.

„Неверојатно видео, Џош“, напишал еден корисник во коментарите.

Во видеото, Алард забележа дека преживеал и му се заблагодарил на Бога што не умрел.

„Фала му на Бога за тоа. Станав многу, многу слаб. Не користев креатин во тој период. Не земав никакви додатоци или нешто слично“, рекол тој.

Алард тврди дека всушност имал проблеми да се ограничи на 30 јајца дневно.

„Речиси ми стана зависност. Лудо“, рекол тој.

Тој претпостави дека овие интензивни желби се должат на „прилично значајниот“ калориски дефицит во кој се наоѓал. Сепак, со оглед на високата содржина на масти во јајцата, тој не беше целосно убеден дека тоа е причината.

Опишувајќи како диетата влијаела на неговата ментална состојба, Алард се споредил себеси со мечка што се подготвува за хибернација, забележувајќи дека неговата диета богата со јајца личи на онаа на месојад.

„Многу е богато со масти, умерено со протеини и целосно лишено од јаглехидрати. Се испостави дека моето тело се подготвувало за хибернација. Така се чувствував – многу, многу уморно навечер“, се пошегувал тој.

Алард открил дека спие одлично, а нивото на стрес му било многу помало. Неговото тело станало екстремно витко за само пет дена.

„Сè уште јадам многу јајца. Ги сакам јајцата. Тие се суперхрана“, ркол тој, додавајќи дека повеќе не јаде 30 јајца на ден.

Храната богата со протеини му помага на телото да гради и обновува ткива како што се мускулите, коските, кожата и косата. Од друга страна, јадењето храна што содржи аминокиселини му помага на телото да гради мускули и да ја разградува храната, како и да го зајакне имунолошкиот систем.

„Тие се една од најдобрите храни што се богати со хранливи материи. Затоа дефинитивно би ги препорачал. Сепак, не препорачувам да јадете 30 јајца на ден, туку шест наутро и четири навечер за енергија“, рекол Алард.

Најголемиот предизвик, вели тој, е недостатокот на природен извор на креатин, кој снабдува енергија на мускулите и го подобрува здравјето на мозокот.

Затоа, Алард препорачува јадење риба и црвено месо кои се богати со креатин, а ако не сте месојад, овошје како јагоди и зеленчук како сладок компир.

„Јајцата би обезбедиле околу 2.000 калории, 195 грама протеини, 135 грама масти, од кои околу 35 грама се заситени и околу десет грама холестерол“, вели професорот Том Сандерс, експерт за исхрана на Кингс колеџ во Лондон.

За повеќето луѓе, јадењето храна богата со холестерол е безопасно. Сепак, прекумерната консумација може да биде ризична, особено за оние со одредени генетски варијанти.

„Ова може да предизвика зголемување на „лошиот“ холестерол во крвта (ЛДЛ)“, вели експертот.

Високиот ЛДЛ холестерол се смета за клучен фактор на ризик за срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот