Фото: Принтскрин / Тикток

ВИДЕО | „Молете се за овие изгореници“: Девојка случајно заспала два часа додека се сончала, го покажа своето болно и изгорено лице

Сончањето е препорачливо, но може да предизвика сериозна штета ако не сте внимателни. Инфлуенсерката Хелен Фланаган неодамна сподели видео на својот Тикток покажувајќи го своето болно, изгорено лице од сонце.

Само два дена по објавувањето, видеото имаше 7,7 милиони прегледи, а Хелен сподели како се случила агонијата низ која моментално поминува.

„Молете се за овие изгореници од сонце. Бидејќи денес заспав на сонце два часа, а УВ индексот беше солидна десетка. И во овој момент, се плашам дека имам труење од сонце“, открила таа.

Користењето крем за сончање е од суштинско значење за да ја заштитите вашата кожа од штетните ефекти на ултравиолетовите (УВ) зраци на сонцето. Додека сонцето нуди топлина и светлина, неговите зраци можат да предизвикаат значително оштетување на вашата кожа ако не се заштитите соодветно, пишува „Сан“.

@haleigh_flanigan 😭🦞 #summer #sunburn #fail #sendhelp ♬ original sound – _haleighbree

Кремата за сончање спречува болни изгореници од сонце, кои можат да ги оштетат клетките на кожата и да доведат до црвенило, оток, лупење, па дури и труење од сонце, со симптоми како што се плускавци, треска и дехидрација.

Кремот за сончање, исто така, го намалува ризикот од рак на кожата, вклучувајќи го и меланомот, најопасната форма, и делува како заштитна бариера против штетните УВ зраци.

Покрај тоа, го забавува предвременото стареење предизвикано од изложеност на сонце, помагајќи во спречување на брчки и старечки дамки, а воедно одржувајќи го младешкиот изглед на кожата.

Експертите истакнуваат дека можете да се сончате или да останете на сонце без ризик од изгореници до 15 минути ако УВ индексот е десет со целосна заштита (крем СПФ 30+, капа, очила за сонце). Хелен не откри како се чувствува во моментов, ниту дали отишла во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот