ВИДЕО | „Мојот задник може да направи чуда“: Лизо со тверкање го засака своето тело

лизо
Фото: Принтскрин / Instagram

„Тверкањето“, како нов и свеж начин на играње на музика и себе-изразување, носи ново ниво на самодоверба и себе-прифаќање според музичката ѕвезда Лизо.

Пејачката Лизо, која е добро позната по заоблената фигура и храбрите аутфити кои го откриваат нејзиниот голем задник, од самиот почеток на својата кариера зборува отворено за прифаќањето на сопственото тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating)

Но, во последното излегување пошироко ја отвара темата за себеприфаќањето и во 14-минутно видео говори за тоа како го прифатила изгледот на својот голем задник.

„Мојот задник може да постигне нешта!“, храбро вели 33-годишната пејачка.

Таа додава дека верува дека „тверкањето“ е дел од новата револуција за црните жени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating)

Пејачката се отвори за недостатокот на самодоверба кој го имала заради нејзиното тело, и пред сè, нејзиниот задник, говорејќи во предавање на ново „Ted Talks“ видео.

Спотот за песната „Crazy in Love“ било прво издание кое на ѕвездата ѝ дало дозвола да се отвори и да биде своја, прифаќајќи го изгледот фокусиран на задникот. Иако мислела дека само задниците на Џеј Ло и Бијонсе можат да бидат славни, работите се промениле со текот на годините.

„Отсекогаш чувствував дека формата на моето тело не е вистинската, или посакуваната додека растев, бидејќи растев во ера кога да се има голем задник не беше мејнстрим. Растев гледајќи филмови каде жените се прашуваа „Дали мојот задник изгледа дебело во ова?“, како тоа да е лошо нешто.“

Иако не ѝ е јасно како дошло до таа промена, таа сфатила дека со движењето на „тверкање“ нејзиниот задник е всушност нејзино најголем адут откако Ријана му дала „стоечка овација“, иако тоа бил нејзиниот најомразен дел од нејзиното тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating)

„„Тверкам“ заради моите предци, за сексуално ослободување, за моите „кучки“, хеј девојки. Затоа што можам. Затоа што знам дека изгледам добро“, говори Лизо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот