Фото: Zeppelin / Avalon / Profimedia

ВИДЕО | Се слави човековата убавина: Модна ревија на „Луј Витон“ во седиштето на УНЕСКО во Париз

Луксузната модна куќа „Луј Витон“ вчеравечер организираше модна ревија во седиштето на УНЕСКО во Париз инспирирана од човековата убавина и од убавината на тоновите на човечката кожа.

– Ова е оддавање почит на човечките суштества. Од црно преминува во темно-кафеава, па од кафеава и светло-кафеава во беж, потоа малку сива и на крајот во бела – објасни модниот дизајнер за машка облека, Фарел Вилијамс, кој инаку светски познат музичар.

Манекени облечени во облека во сите нијанси на човековата кожа прошетаа околу огромниот глобус на тревата ишарана со препознатливите симболи на фирмата „Луј Витон“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот