Фото: Јутјуб/Принтскрин

ВИДЕО | „Мислев дека ќе бидам посилен“: Џејмс Вудс се расплака откако пожарот му го „проголта“ имотот во Лос Анџелес

Списокот на јавни личности кои ги загубија своите луксузни куќи во опустошениот Лос Анџелес расте од час во час. Моментално таму беснеат страшни пожари кои проголтуваат се што ќе им се најде на патот, а на мета се и бројни населби во кои живеат многу познати личности од Холивуд.

Парис Хилтон, Ентони Хопкинс, Џејмс Вудс, Ана Фарис, се само дел од јавните личности чии луксузни куќи изгореа до темел, а изгоре и луксузниот дом на Кардашијан.

Џејмс Вудс се расплака за време на интервју за „Си-ен-ен“ додека зборуваше за разорниот пожар во Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, кој го уништи неговиот дом.

Актерот рече дека тој и неговата сопруга Сара Милер-Вудс, поминале голем дел од пандемијата Ковид живеејќи во хотел додека нивната куќа се реновирала. Во реновираниот простор се вратиле минатиот месец.

Мислев дека ќе бидам посилен од ова, изјави 77-годишниот актер, кој во текот на интервјуто неколку пати се расплака, зборувајќи за ужасната ситуација во неговото соседство.

„Еден ден пливате во базенот, а следниот ден сето тоа го нема“, рече Вудс, зборувајќи во живо со водителката на „Си-ен-ен“, Памела Браун. Тој се присетил на еден емотивен момент кога 8-годишната внука на неговата сопруга Сара Милер-Вудс ја извадила својата свинче банка и им кажала дека ќе им помогне да ја обноват куќата.

„Некои работи ќе расплачат дури и возрасен маж“, напиша тој на платформата „Икс“.

Вудс пренесуваше во живо снимка од пожарот во близина на неговиот дом и споделуваше како пламенот ги зафатил домовите на неговите соседи.

Неколку часа подоцна тој открил дека детекторите за чад во неговата куќа почнале да испраќаат предупредувања до неговиот телефон, што значи дека пожарот стигнал до неговиот имот.

„Не можев да верувам дека нашиот прекрасен мал дом траеше толку долго. Чувството е како да изгубиме некој близок“, напиша тој на „Икс“.

Остана само пепел и од домот на легендарниот Ентони Хопкинс, комичарот Били Кристал ја загуби својата куќа вредна 9 милиони долари, а домот на поранешната пејачка на Ферги постои голема опасност да изгори.

Бен Афлек е евакуиран и моментално престојува во домот на својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер со која има три деца.

Марк Хамил, познатиот Лук Скајвокер од серијата „Војна на ѕвездите“ е евакуиран од својот дом во Малибу. Менди Мур потврди дека е евакуирана заедно со нејзините деца и домашни миленици, а на социјалните мрежи им се заблагодари на пожарникарите и на сите што дале поддршка.

Најмалку пет лица загинаа во пожарите кои од вторникот горат во областа на Лос Анџелес, на 100.000 жители им е наредено да се евакуираат, а 1,7 милиони клиенти се без струја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот