фото: instagram.com/aberdeenfc

ВИДЕО: Миовски стрелаше против Ренџерс за водство на Абердин во шкотската Премиер лига

После репрезентативните обврски, Бојан Миовски продолжи со настапите за Абердин во шкотската фудбалска Премиер лига.

Македонскиот напаѓач запиша гол против еден од најголемите клубови на таа земја, Ренџерс, во 11 минута од средбата по асистенцијата на Соклер.

Тоа е петти гол во шампионатот за Миовски, претходно имаше и по еден погодок против Селтик и Ст. Мирен, и два против Рос Каунти.

Потсетување дека Миовски ќе игра и финале со Абердин во шкотскиот Лига куп на 17 декември токму против Ренџерс.

Најновиот гол на Миовски во дресот на Абердин можете да го погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот