фото: принтскрин/FK Vardar

ВИДЕО | Миленковски: Сума близу 30.000 евра е префрлена кај играчите и стручниот штаб на ФК Вардар

Како што и беше најавено, ФК Вардар одржа прес-конференција на која беше даде отчет за до сега сработеното за клубот.

Беа изнесени активностите, потсетување дека во тек е акција на Вардар во која се продаваат сезонски билети по цена од 1.000 денари, а од клубот претходно изразуваа задоволство за текот на акцијата.

Како што изјави претставникот од „Комити“, Милорад Миленковски акцијата се одвива нормално, нема некој „бум“, но продадени над 2.500 – 3.000 карти и плус нешто во вредност компензирана за услуги кои се потребни за функционирањето на клубот.

– Поделените средства од првите 2.000 билети, кога ќе ги одбиеме ДДВ-то, персонален данок на приход, како и други оперативни трошоци, доаѓаме до сума која е близу 30.000 евра која е префрлена кај фудбалерите, кај стручниот штаб, кај сите оние чинители кои се дел од фудбалскиот клуб Вардар – вели Миленковски.

Миленовски воедно упатува благодарност до играчите за нивното трпение.

– Сакам да им се заблагодарам на играчите за нивната пожртвуваност, за нивното трпение, бидејќи тие се оние кои го сносат целиот товар на ФК Вардар на теренот. И тоа што им се случуваше онаа онаа голгота минатата година, ние сакаме да покажеме дека нема им се случува повеќе оваа година, туку дека ние застануваме, и со целата наша моќ, со сите наши ресурси ќе ги искористиме за колку можеме средства, толку да им префрлиме на нив. Тоа сега се случи, знаеме дека заслужуваат многу повеќе, но ние тоа можевме да го обезбедиме во текот на овие 10 дена откако почна акцијата – се зборовите на Миленковски.

Играчите на Бобан Грнчаров ќе продолжат да тренираат во Златибор каде во периодот од 15 до 27 јули ќе одиграат четири пријателски натпревари како подготовка за новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот