ВИДЕО: Милан ја оправда фаворитската улога против Фросиноне

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан на домашен терен го совладаа Фросиноне со 3:1 во натпреварот од 14 коло во најквалитетната италијанска лига.

Стрелци на головите за „росонерите“ беа Лука Јовиќ во 43, Кристијан Пулишиќ во 50 и Фикајо Томори во 74 минута. Единствениот погодок за гостите го реализираше Марко Брешианини во 82 минута.

Милан моментно е на третото место на табелата во Серија А со 29 бодови, а Фросиноне на 11 позиција со 18 бодови.

Во следното коло Милан ќе гостува кај екипата на Аталанта, додека Фросиноне ќе го пречека составот на Торино.

Се одиграа уште два меча во саботата, Џенова ремизираше со Емполи (1:1), додека Лацио триумфираше со 1:0 над Каљари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот