
ВИДЕО | Мицкоски: За односите со соседите имаме принципиелен став за реципроцитет
Членството во ЕУ подразбира долг процес на преговори, оттука јавноста ја интересира која би била почетната позиција на ВМРО ДПМНЕ во долгите преговори.
Препорачано
-Имаме принципиелен став на реципроцитет. Она што сега се бара од нашиот источен сосед од Македонците нема никаква врска со вредностите на ЕУ. Ни за мене не претставува никаков проблем Бугарите да влезат во македонскиот Устав, ако Бугарија ги почитува пресудите на Стразбур во врска со засебноста на македонското малцинство таму. Но не може никој мене да ми оспорува дека Македонија има минато, да тврди дека е коминтерновска творба и дека Бугарите во 1945 нѐ ослободиле. Јас живеам во 21 век и сакам да зборувам за дигитализација и современи теми, вели Мицкоски.
Од новата бугарска партија која освои мнозинство и веројатно ќе формира влада се очекуваше да може да се разговара на друго ниво, но последните изјави не велат така.
-Разочаран сум од тоа што го слушам овие денови од тие двајца луѓе што го предводеа новото во Бугарија, како студенти на Харвард, оти од нив како образовани луѓе се очекуваше да се занимаваат со модерни теми а не со минатото, но очигледно дека се потпаднати под влијанието на бугарскиот претседател Румен Радев, коментира Мицкоски.
Еден од условите за нашиот пат кон ЕУ, за кој како што се изјавува во јавноста тежнхее и ВМРО ДПМНЕ е и Преспанскиот договор, но партијата јавно најавува негово преиспитување.
-Ставот сме го кажале стотици пати. Да сум среќен, не сум. Дали ќе ја применувам придавката, нема, Македонија ќе ја викам Македонија. Таа нова реалност е реалност на Заев. Прашањето е дали ние добивме европско здравство, образование, подобра економија, дали народот живее подобро и дали луѓето се посреќни. Дали сме излажани, да. Таа болна и тешка реалност ја донесе овој човек што сега ја води владата, вели Мицкоски за Утрински брифинг.
ВИДЕО | Мицкоски: Нема да има никаква амнестија ниту за Груевски ниту за 27 април
Мицкоски: Сѐ уште не се гледам себеси како премиер, но имам амбиции
Мицкоски: Секој кој се огрешил ќе одговара, каква амнестија какви бакрачи
Ако се вратиме на домашната сцена се чини дека опозицијата избега од одговорноста за неуспехот за преземање на владата, по што се побараа предвремени избори по три месеци, а сега се бараат избори веднаш. Зошто опозицијата инсистира на овие промени?
-Одговорот на тоа прашање го дадоа граѓаните на локалните избори. Реалноста во Македонија е дека оваа влада и мандатар немаат визија и стратегија и дека треба што поскоро да се одржат парламентарни избори. Сега имаме мандатар кој е седнат во скут и кој презел извесни обврски, вели Мицкоски.
ВИДЕО | Мицкоски: За односите со соседите имаме принципиелен став за реципроцитет