ВИДЕО | Мицкоски: Светот виде со какви неправди се соочуваме, но продолжуваме со крената глава

Бугарија денеска работеше против нас, но ќе продолжиме со крената глава и остануваме горди, порача премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција по изгласувањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент.

„Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите на Европа можеме да ѝ кажеме дека вистината излезе на виделина, на површина, рече Мицкоски на вонредна прес-конференција од партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија не од сега туку уште од 1990 година.

„Ние сме на вистинската страна од историјата, а Бугарија видовме и дека знае да ја утне вистинската страна. Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но не од сега, туку уште од 1990 година. Таа има јасна агенда и план, водена е од мислата да ги уништи македонската нација и идентитет. Но, да оставиме трага на вистината. Ова е нашиот Крушевски манифест, мораме да се мобилизираме со сите наши пријатели и сојузници. Ова е борба за фундаметнални правда и вредности. Но, оваа борба ниту почнува, ниту завршува денес, сите овие перипетии колку и да се трагични за Македонија имаат успешна димензија“ посочи Мицкоски.

Неправдите, вели Мицкоски, не се само идентитестки, преку оспорување и предавство, туку се и социо-економски.

„Денес само методите се поинакви, но суштината е идентична. Никогаш нема да се соочиоме со неправдите ако не ги именуваме идентификуваме и победиме“ рече тој.

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Пред гласањето по документот, беа усвоени амандманите предложени од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се избришани делови од текстот во Извештајот каде се споменуваа „македонскиот јазик и идентитет“.

ЕП го усвои извештајот за Македонија без „македонски јазик“ и „македонски идентитет“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!