Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/JULIAN SMITH

ВИДЕО | Меган Маркл повторно шокира: „Не, ова не е моето вистинско име“

Поранешната актерка Меган Маркл ги шокираше обожавателите кога откри дека нејзиното вистинско име е Рејчел, исто како и ликот што го глумеше во телевизиската серија „Suits“.

Во видеото на ТикТок, новинарка случајно ја нарече Маркл – „Рејчел“, по нејзината позната улога Рејчел Зејн во правната драма „Suits“, но таа ѝ даде изненадувачки одговор.

„Моето вистинско име во реалниот живот е Рејчел. Никогаш не ме нарекуваа така, но моите родители ме именуваа Рејчел Меган Маркл. Имав проблеми поради тоа со сите правни документи во мојот живот“, одговорила Маркл.

Новинарката додала дека сѐ тоа е уште позбунувачко поради серијата.

„Да, секако. Всушност, вие ме нарековте по моето избрано име“, се насмеала Маркл.

„Совршено, не го знаев тоа“, се оправдала новинарката.

@suitsarmy Meghan Markle Name Is Rachel omg #suitsnetflix #suitstvshow #suits #fyp ♬ original sound – Suitsarmy


Инаку, серијата „Suits“ доживува нов успех на Нетфликс. Иако последната епизода од оваа серија се емитуваше во 2019 година, сега серијата е меѓу најгледаните содржини на оваа филмска платформа. Поради оваа причина, обожавателите сметаат дека наскоро ќе се сними продолжение на „Suits“.

Како потсетување, случувањата во оваа драмска серија се сместени во Њујорк, САД. Серијата го следи главниот лик Мајкл Рос, кој го играше актерот Патрик Џеј Адамс. Мајкл ја добива работата од соништата во адвокатска фирма, иако никогаш не дипломирал на правен факултет.

Фото: USA Network / The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Во „Suits“, Маркл ја глумеше адвокатката Рејчел Зејн, колешка на Мајкл, која се вљубува во него. Таа беше дел од првите седум сезони од серијата, но мораше да се збогува со овој ангажман поради кралската венчавка со принцот Хари.

Креаторот на серијата, Арон Корш, сега планира да направи нова сродна серија на „Suits“, но со сосема нови ликови и на нова локација. Иако обожавателите сакаат да се случи тоа, сѐ уште не се знае дали Меган Маркл ќе има гостинско појавување во новата серија.

Принцот Хари за секс-сцените на Меган во „Suits“: Не требаше да ги гледам, ми треба терапија со електрошок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот