Фото: Facebook/Instagram

ВИДЕО | Меган Маркл по долго време ја покажа ќерката Лилибет

Војвотката Меган Маркл по долго време на социјалните мрежи сподели видео од нејзината ќерка. Принцезата Лилибет одамна не се појавила во јавноста бидејќи војвотката практикува да не ги покажува своите деца додека се мали.

Токму затоа многу нејзини следбеници беа пријатно изненадени.

Принцезата Лилибет во јуни ќе наполни четири години, а од видеото може да се забележи дека времето го поминува играјќи детски игри и забавувајќи се. Но, она што е интересно е кој ѝ прави друштво во текот на играта.

Имено, на видеото со Лилибет е Серена Вилијамс, која ја нарекуваат тетка. Ова уште еднаш ја нагласи блискоста меѓу Серена и Меган.

Пред доаѓањето на Меган на Вимблдон во 2017 година, Серена истакна дека тие се премногу блиски. Таа изјави дека често се посетуваат и редовно се дружат на важните семејни настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот