
ВИДЕО | Мбапе го надмина Кристијано Роналдо по триумфот над Виљареал
Фудбалерите на Реал Мадрид денеска после пресврт триумфираа на гостувањето кај Виљареал со 2:1 во 28 коло од Ла Лига.
Препорачано
Иако домаќините први стигнаа до водство, „кралевите“ успеаја да направат пресврт со двата голови на Килијан Мбапе.
Најмногу акции и возбудувања видовме во првото полувреме, поточно во првите 23 минути кога беа постигнати сите голови на споменатиот натпревар.
Виљареал поведе со голот на Хуан Фојт во седмата минута, аргентинскиот дефанзивец погоди по корнер и го шокираше Реал, но гостите за кратко време успеаја да направат пресврт.
Мбапе најпрво израмни во 17 минута, а потоа во 23. со одличен удар од работ на шеснаесетникот ги обезбеди бодовите. Французинот сеха има 31 гол за Реал Мадрид оваа сезона. Во првиот дел од сезоната напаѓачот доби многу критики и многумина пишуваа дека ја игра најлошата сезона во кариерата, но сега никој не зборува така.
Мбапе веќе постигнува повеќе голови во својата прва сезона за Реал од првата на Кристијано Роналдо, односно Португалецот застана на 30 погодоци.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
39мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5