Протести во Србија во градовите Шабац, Ниш и Чачак - Извор Н1

ВИДЕО | Масовни собири и паралелни протести во Србија: Полицијата успеа да го сочува редот и мирот во Шабац и Чачак

Оваа недела низ Србија се одржаа нови собири поврзани со блокадите, на кои повторно се судрија ставовите на симпатизерите на власта и нивните противници. Иако атмосферата во повеќе градови беше напната и со кошкање меѓу учесниците и полицијата, властите известија дека немало посериозни инциденти, пишува Н1.

Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ соопшти дека на 111 собири против блокадите учествувале околу 126.000 луѓе. Истовремено, се одржаа и контрасобири на граѓани, најмногу во Шабац, Ниш и Чачак, каде што атмосферата беше најнапната.

Во Крагуевац, граѓани организираа митинг во поддршка на Новица Антиќ, поранешен претседател на Воениот синдикат, чиј случај дополнително ја поларизира јавноста.

Тренд на зголемена мобилизација

Минатата недела, според истите извори, на 95 собири на симпатизери на СНС присуствувале околу 103.000 луѓе. Овие бројки покажуваат тренд на зголемена мобилизација и поголема излезност на граѓаните, што ја одржува високата политичка напнатост во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот