Сидни Свини и Машин Ган Кели / Фото: EPA

ВИДЕО | Машин Ган Кели одговoри на гласините за врската со Сидни Свини: „Дали ова значи – да?“

Музичарот Машин Ган Кели ја заврши својата долгогодишна врска со актерката Меган Фокс кон крајот на минатата година, а неколку месеци подоцна беше фотографиран со друга актерка – Сидни Свини. Нивната интеракција беше снимена со камера, а снимката стана вирална, што доведе до гласини дека двајцата се во врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Watch What Happens Live! (@bravowwhl)

MГК сега одговори на гласините во емисијата „Гледајте што се случува во живо“(Watch What Happens Live). Водителот Енди Коен ги прочита прашањата на фановите, а едно од нив беше: „Кајл П. сака да знае дали ти и Сидни Свини бевте повеќе од само пријатели?“

Пејачот, чие вистинско име е Колсон Бејкер, одговори остро: „Кајл П. Молчи, човече“. Неговиот одговор ја насмеа публиката, а Машин Ган Кели не го продолжи разговорот за атрактивната актерка. Гледачите на емисијата на социјалните мрежи коментираа за неговата реакција, при што еден праша: „Дали одговори на прашањето?“, а други тврдеа: „Тоа значи да“.

Свини ја раскина свршувачката со Џонатан Давино претходно оваа година , а кратко потоа беше забележана со Машин Ган Кели. Тие се дружеа на отворањето на клуб во хотел во Лас Вегас. Ѕвездите цврсто се прегрнаа, а потоа си поразговараа, смешкајќи се.

Патем, Сидни и МГК се познаваат неколку години, а во 2021 година глумеа заедно во филмот „Downfalls High“, кој го режираше музичарот.

ФОТО+ВИДЕО | По откажувањето на венчавката Сидни Свини оди на луди забави со Парис Хилтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот