Фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

ВИДЕО | Мартинели херој на Арсенал во дербито, го сруши шампионот со гол во завршницата

Aрсенал по осум години стави крај на лошата серија во меѓусебните натпревари против Манчестер Сити и во одличен момент славеа за важни три бода во Премиер лигата (1:0).

Големото дерби на двата најголеми конкуренти за титулата минатата сезона започна со возбудувања пред домашниот гол. Аке ја имаше првата прилика на мечот, но шутираше непрецизно. Со својот пресинг Сити го принуваше Арсенал да греши на својата, а една таква грешка на голманот Раја можеше да заврши со гол во неговата мрежа.

Арсенал како што одминуваше времето се ослободуваше и почнуваше да игра подобро. Нкетиа влезе во голема прилика по 25 минути игра.

Почетните минути од второто полувреме поминаа во знакот на избраниците на Артета. Сити тешко пронаоѓаше решение за брзата игра на ривалот. Клучниот момент на средбата се случи во третата минута од судиското продолжение кога Мартинели го совлада Едерсон за голема победа на Арсенал.

Со овој триумф Арсенал се изедначи со Тотенхем на врвот на табелата со по 20 бода, Манчестер Сити е трет со два помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот