
ВИДЕО | Мараја Кери проговори за наводната караница со Еминем околу филмот „8 милји“: „Сè зависи од тоа што тој мисли“
Мараја Кери конечно проговори за долгогодишните гласини дека имала кавга со раперот Еминем. Гостувајќи во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен, каде што го промовираше својот нов албум „Here for It All“, поп-дивата се осврна на приказните поврзани со филмот „8 Милји“ (2002).
Препорачано
Според шпекулациите, несогласувањето започнало кога Еминем наводно ја замолил Кери да ја толкува улогата на Стефани Смит – лик инспириран од неговата мајка.
„Колку што сум слушнала, има вистина во тоа“, изјави пејачката, но веднаш додаде: „Не мислам дека тоа е баш така … којзнае кој на кого прв му се обратил.“
Кога Коен инсистираше на детали, Кери само одмавна со рака:
„Сè зависи од тоа што тој мисли. Искрено, мене не ми е гајле. Што и да рекол, океј, тоа сум јас. Всушност, и не сум, но тоа е стих од негова песна.“
Улогата на крајот ѝ припадна на Ким Бејсингер, а „8 Милји“ стана огромен успех – со заработка од 242 милиони долари во светот. Хитот „Lose Yourself“ дури освои и Оскар за најдобра оригинална песна во 2003 година.
Ова е првпат Кери директно да ја коментира можноста за улога во филмот. Но, музичкиот продуцент Дамион „Дамиза“ Јанг, кој работеше со неа на албумот „Rainbow“ (1999), претходно тврдел дека токму тој ја запознал со Еминем. Тој дури спомена дека раперот навистина сакал Кери да ја глуми неговата мајка иако е само четири години постара од него.
„Не ѝ се допадна идејата. Тоа ѝ ги разбуди сите несигурности“ изјави Јанг.