Фото: Manchester United/FB

ВИДЕО: Манчестер јунајтед се посрамоти во првиот натпревар на подготовките во Малезија

По една од најслабите сезони во клупската историја, англискиот гигант со пораз ја започна својата турнеја во Малезија. Во првиот контролен натпревар избраниците на новиот стратег Рубен Аморим загубија со 1-0 од комбинирана селекција составена од фудбалери од југоисточна Азија, репрезентација што за првпат настапи заедно.

„Црвените ѓаволи“ одиграа блед и безидеен натпревар без ниту една сериозна шанса за гол, а а победата за азиската селекција ја обезбеди капитенот на Мјанмар, Маунг Маунг Лвин кој погоди во второто полувреме по асистенцијата од Адријан Сегачиќ, фудбалер со хрватско потекло.

Со овој пораз продолжија и критиките на сметка на тимот кои ги имаше во текот на целата сезона која Манчестер јунајтед ја заврши на 16. место во Премиер лигата.

Во следниот натпревар „црвените ѓаволи“ ќе играат против репрезентацијата на Хонг Конг на 30 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот