фото: cracovia.pl

ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец Атанасов со првиот гол сезонава за полската Краковија

Во рамките од 27 коло во најсилната фудбалска лига на Полска екипата на Краковија загуби на гостувањето кај Погон Шчеќин со 3:2.

При резултат 2:2 во 54 минута македонскиот репрезентативец Јани Атанасов со убав погодок успеа да израмни.

Тоа е првиот гол за нашиот 23-годишен играч од средниот ред сезонава во деветтиот настап во дресот на Краковија.

Краковија која подолг период веќе нема победа во првенството, моментно е на деветтата позиција со 35 бодови, 26 помалку од водечкиот Раков.

Голот на Атанасов за израмнување на 2:2 можете да го погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот