Наташа Андонова („Мадрид“)/фото: instagram.com/madrid_cff

ВИДЕО | Македонската фудбалерка Андонова со прекрасен гол против Реал Мадрид

Денеска во рамките од 27 коло во најсилното шпанско фудбалско првенство во женска конкуренција Реал Мадрид на домашен терен со 7:3 го совлада Мадрид.

За гостинската екипа настапи македонската фудбалерка Наташа Андонова која еднаш се запиша во листата на стрелците на овој натпревар.

Андонова во 53 минута постигна одличен гол за израмнување на 3:3.

Ова е трет нејзин погодок оваа натпреварувачка сезона во дресот на Мадрид.

На табелата води Реал Мадрид е на второто место со 71 бод, еден помалку од водечката Барселона, која има еден натпревар помалку.

Мадрид по 14-от пораз сезонава е на 10 место со 29 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот