
ВИДЕО | Мајкл Џеј Фокс падна на бината за време на настан: Jа губи битката со паркинсоновата болест
Познатиот актер Мајкл Џеј Фокс, кој се бори со паркинсоновата болест, падна на бината за време на панел-дискусијата за трилогијата „Back to the Future“, во Филаделфија, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пензионираниот актер, кому болеста му беше дијагностицирана уште во 1991 година, беше гостин на настанот, а падна откако ја загуби рамнотежата кога излезе на сцената.

За среќа, ударот го ублажи каучот на кој падна актерот, па тој не се повреди. Набрзо по инцидентот, тој продолжи со одговарање на прашањата. Во негово друштво на овој настан беа и неговите колеги Кристофер Лојд и Том Вилсон, кои веднаш се обидоа да му помогнат.

Неговиот пад се случи нешто повеќе од еден месец откако тој јавно сподели дека неговата долгогодишна битка со Паркинсоновата болест се влошува.
„Секој ден е се потешко… Така е. Не умираш од Паркинсонова болест. Умираш со неа. Затоа размислував за смртта. Нема да живеам до 80 години. Никогаш нема да имам 80 години“, рекол Фокс.
Инаку, актерот се повлече од глумата во 2020 година поради неговата сè полоша здравствена состојба. Последните децении, актерот го посвети својот живот на собирање донаци за истражување на Паркинсоновата болест. Тој досега, преку својата Фондација „Мајк Џеј Фокс“ собрал повеќе од 1 милијарда долари.