Мадона / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Мадона пак го шокира светот: Ќе стане учителка, а за духовниот курс ќе наплатува по 25 евра месечно

Поп-иконата Мадона (67) го откри својот нов, за многумина неочекуван  правец во кариерата, таа ќе стане учителка по Кабала. На своите обожаватели им нуди онлајн курс преку кој ќе ги води низ духовно патување, по цена од 25 евра месечно, пренесува „Дејли Мејл“.

Кралицата на попот објави видео на Инстаграм во кое го најавува курсот, а во него ѝ се придружува и Ејтан Јардени – инспиративен говорник од Меѓународниот центар за Кабала. Мадона првпат се запознала со Кабала во 1996 година, пред раѓањето на ќерка ѝ Лурд Леон и неодамна изјави дека тоа било пресвртна точка во нејзиниот живот.

Духовен раст за 25 евра месечно

Сега таа сака нејзините фанови да ѝ се придружат во, како што вели, „длабоко проучување за да ги откријат тајните што ќе им помогнат да го забрзаат својот духовен развој и да ја манифестираат својата повисока животна цел“.

„Мораш да ги хуманизираш луѓето. Секогаш кога ми е тешко да се справам со некого или нешто, и ќе помислам дека сакам да ги казнам – си велам: оваа личност некогаш била дете и била добра. Кога можам така да ја видам, можам и да ја хуманизирам“, вели Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Што е Кабала?

Кабала е еврејска филозофска и интерпретативна традиција која се занимава со природата на Бог, создавањето и универзумот. Самата збор значи „да се прими“. Нејзините учења се засноваат на концепти како што се Сефиротите и Дрвото на животот, а целта е следбениците да го продлабочат своето разбирање за божественото и односот со Бог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот