
ВИДЕО: Лукас Подолски пред 50.000 гледачи ја заврши фудбалската кариера
Германскиот фудбалер и поранешен репрезентативец на оваа земја, Лукас Подолски, официјално се повлече од професионалниот фудбал на 39 години.
Препорачано
Подолски пред 50.000 навивачи на стадионот „Рајн Енерџи“ се прости од фудбалот во дресот на Келн, клубот во кој ја започна својата кариера.
Иако последните три години од кариерата ги помина во Полска, земјата во која е роден, каде што настапува за тимот на Горник, поранешниот германски репрезентативец реши да се збогува од фудбалот на местото каде што сѐ започна.
Популарните „Јарци“ приредија проштален меч за својата легенда, во кој тимот под име „Полдис 11“ го совлада Келн со 5:3. Целиот настан беше многу емотивен, а Подолски по егзибицискиот меч доби овации од навивачите, кои подоцна ги придружи на трибините и со пиротехника и навивачки песни на својот сакан клуб стави точка на својата богата кариера.
LUKAS PODOLSKI! ?#KOEGÓR pic.twitter.com/OA1zmLEXVY
— Górnik Zabrze (@GornikZabrzeSSA) October 10, 2024
We're not crying ?
___#effzeh #effZEHN pic.twitter.com/F9BqHaS9uE— 1. FC Köln (@fckoeln) October 11, 2024
Jak się żegnać, to na swoich zasadach!?? pic.twitter.com/CUFTAuF1zY
— CANAL+ SPORT (@CANALPLUS_SPORT) October 10, 2024
Подолски два пати играше за Келн, на кој му се приклучи како десетгодишник, а на 181 меч за оваа екипа постигна 86 гола и забележа 41 асистенција. Го носеше и дресот на Баерн Минхен, со кој ја освои двојната круна во 2008 година, а потоа патувањето го однесе во Арсенал, со кој дојде до пехарите во ФА Купот и Комјунити Шилд.
Освои трофеи со Галатасарај со кој го освои Купот и уште два турски Суперкупа, а во Јапонија играше и за Висел Кобе со кој го освои националниот Куп. Дел од кариерата ја помина и во Интер, како позајмен играч од Арсенал, а настапуваше и за Анталија, односно Горник Забже каде играше последните три сезони.
Вкупно 130 пати го облече дресот на германската репрезентација и постигна 49 гола, а во 2014 година со националниот тим беше светски шампион.