ВИДЕО | Лукаревска: Антикризните мерки покажаа како СДСМ гради едно општество за сите

Сања Лукаревска, потпретседател на СДСМ/Фото: Методи Здравев

Во утринската програма на „Слободен печат“, Сања Лукаревска истака дека СДСМ како партија на власт во текот на седумгодишниот мандат, креира проевропски политики и е секогаш на страна на граѓаните. Воведувањето на антикризните мерки беше показател дека СДСМ е на страната на граѓаните.

Лукаревска посочи дека до сега се вратени 12,8 милиони евра за третото тромесечие кај 460 илјади граѓани и зголемени се минималната и просечната плата и пензиите, а тоа е показател дека СДСМ има ЕУ иднина – современ стандард, економска безбедност и развојни политики за доброто на граѓаните.

-Ја зголемивме минималната плата, ја зголемивме просечната плата, тоа ни беше ветување што го зборувавме секој ден во кампањата и затоа ако може така да се каже, тоа претставува круна на она што значи политика на СДСМ. Ги зголемивме и пензиите исто така, воведовме неколку пакети на антикризни мерки во време на короната во време на енергетската криза. Еден од постулатите при доаѓањето на власт покрај заложбата за членство во НАТО и во ЕУ, беше да градиме едно општество за сите и дека ќе ги враќаме парите на граѓаните назад. Можеби звучи нескромно но од многуте проекти МојДДВ го сметам за еден од поуспешните проекти, вели Лукаревска.

Наместо да се залагаме заеднички како народ за подобра иднина на државата – опозицијата ја враќа државата назад – пред неколку дена во собраните опозицијата покажа како таа би креирала политики доколку е на власт – преку кршење и уништување, а тоа е враќање на режимското владеење и заробување на државата во едно место – рече Лукаревска.

Целото интервју со Сања Лукаревска погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот