Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Луѓето се преплашени! Изгледа како исушен лист, но всушност е суштество од кошмарите

Пред 10 години, во индиската федерална држава Карнатака, беше пронајден необичен „лист“, кој веднаш го привлече вниманието на истражувачите. На прв поглед, не се разликуваше од другите суви лисја на земјата. Сепак, сè се промени кога почна да се движи, пренесува „Ледбајбл“.

Неодамна, на платформата „Редит“ беше објавена снимка од претходно споменатиот „лист“, која преплаши многу гледачи.

Зошто? Затоа што станува збор за уникатен пајак, „еуровиксија грифиндори“ (Eriovixia gryffindori), кој беше откриен дури во планините на југозападна Индија во 2015 година.

Благодарение на неговиот изглед, научниците го поврзаа со добро познати елементи од популарниот филм за Хари Потер, односно со магичната шапка од истоимениот серијал, по која е и именуван.

Како што можете да замислите, необичниот изглед на „листот“ претставува заштита од други предатори. Многумина беа ужаснати, а едно лице напиша: „Кажувајте што сакате за Австралија, но барем нашите пајаци се јасно препознатливи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот