ВИДЕО | ЛШ: Арнаутовиќ херој на Интер, реми на ПСВ и Борусија

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Интер вечерва славеа минимална победа од 1:0 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите во двомечот против Атлетико Мадрид.

Првото полувреме како и што се најмногу се очекуваше донесе големо тактичко надмудрување меѓу тренерите Инзаги и Симеоне, па тоа доведе до резервисраност на тимовите. Интер повеќе креираше, создаде неколку полушанси, меѓутоа тоа не беше нешто посериозно за да се загрози голот на Јан Облак.

Паузата како да беше повеќе добредојдена за гостинскиот состав кој започна иницијатива на стартот од вториот дел.

Маркус Турам заработи повреда во редовите на Интер, па тренерот Инзаги мораше да менува, а на негово место влезе Марко Арнаутовиќ. Овој момент подоцна се покажа и како клучен на средбата. Арнаутовиќ влезе во неколку одлични прилики, а една искористи на десетина минути пред крајот со што ги постави конечните 1:0.

Во вториот осминафинален натпревар кој се играше вечерва видовме реми помеѓу ПСВ и Борусија Дортмунд (1:1). Борусија поведе во 24. минута со голот на Мален, додека по десет минути игра во второто полувреме Лук Де Јонг обезбеди реми за домаќинот пред реваншот во Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот