ВИДЕО | Лондонското дерби за Вест Хем, Евертон го победи Њукасл и излезе од опасната зона

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Eкипата на Евертон со фантастична игра го победи Њукасл (3:0) и дојде до важни три бода во битката за опстанок по одземените десет бодови од Премиер лигата.

Со одземените бодови Евертон падна во зоната за испаѓање, но сега „карамалите“ излегуваат од опасната зона и тоа со фантастична игра против вечерва фаворизираниот Њукасл. За „карамелите“ ова беше шести триумф во сезоната.

Мрежите мируваа се до 79. минута кога Мекнил го отвори резултатот по грешката на Киеран Трипие. Најдобриот асистент во Премиер лигата имаше кошмарна завршница, па само седум минути уште еднаш погреши, а тогаш во листата на стрелци се запише Дукуре за 2:0. Бето со својот првенец во Премиер лигата во шестата минута од судиското продолжение ги постави конечните 3:0.

Евертон со овие три бода е 17-ти и во следното коло играат против Челси кој е 10-ти.

Во лондонското дерби како победник излезе Вест Хем кој на гости го совлада Тотенхем со 1:2 и тоа со пресврт откако имаше негатива по првиот дел.

Ромеро по корнерот на Педро Поро по 11 минути го отвори резултатот, а тој беше доволен домаќините да имаат водство на паузата. По само седум минути игра во вториот дел Боувен го изедначи резултатот, додека за три бода за Вест Хем се погрижи Ворд-Праус на 15-тина минути до крајот на средбата.

Вест Хем со оваа победа доаѓа до деветтата позиција, додека Тотенхем останува на петтото место со ист број на бодови како и Манчестер Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот