ВИДЕО: Лондон под закана, луѓето панично бегаат од центарот на градот

Продавници и канцеларии во центарот на Лондон беа евакуирани по пријава од „закана за бомба“

Клиенти и канцелариски работници беа видени како панично бегаат, објавија западните медиуми.

На купувачите, работниците и жителите им било наредено да ги напуштат зградите околу улицата „Реџент“, откако автомобил бил паркиран пред светски познатата продавница за играчки „Хамли“.

– Патиштата се затворени во близина на улицата „Реџент“ и улицата „Њу Бурлингтон“ додека полицајците истражуваат сомнително возило. Полициските службеници превентивно извршиле серија контролирани експлозии – велат од Метрополитен полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот