Фото: Принтскрин/ Инстаграм/lizzobeeating

ВИДЕО | Лизо се огласи по коментарите дека ослабела со „оземпик“: По 5 месеци вежбање, тоа ми доаѓа како награда

Американската поп-ѕвезда Лизо им возврати на сите кои ја обвинуваат дека го користела лекот за слабеење „оземпик“, откако таа ги покажала резултатите од своето слабеење.

Имено, пејачката на почетокот на оваа недела на социјалните мрежи ја покажа својата трансформација, а луѓето во коментарите напишале дека сигурно го користи лекот за слабеење, популарен меѓу некои познати личности, по што објави видео на ТикТок во кое им се обрати на сите кои коментирале.

„Кога конечно ќе те обвинат дека користиш „оземпик“ по пет месеци вежбање со тегови и калориски дефицит“, напиша таа, а потоа воздивна во видеото и рече: „Тоа доаѓа како награда“.

@lizzo??‍♀️♬ like a reward – michael_o_

Инаку, Лизо на Инстаграм објави видео на кое вежба во теретана, а со објавата напиша: „Не сум слаба, дебела сум“.

Да потсетиме, Лизо на почетокот на годинава на Инстаграм објави дека ѝ здосадило да ја исмеваат на Интернет поради нејзиниот изглед и карактер.

„Ми здодеа сите во мојот живот и на интернет да ме прозиваат. Сѐ што сакам да правам е да правам музика, да ги направам луѓето среќни и да помогнам светот да биде малку подобар отколку што беше пред мене. Но, почнувам да се чувствувам како светот да не ме сака таму, постојано се спротивставувам на лагите што ги кажуваат за мене само за да привлечам внимание… А поентата на тие шеги е секогаш мојот изглед“, напиша таа.

@lizzo IM NOT SKINNY IM FHICK? @mrcalliet ♬ original sound – lizzo

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот