фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО: Ливерпул пукна „петарда“ за осминафинале во ФА купот

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во осминафиналето на англискиот ФА куп, откако на домашен терен со 5:2 го совладаа Норич.

Стрелци за Ливерпул беа Куртиџ Џонс со 16, Дарвин Нуњес во 28, Диого Жота во 53, Вирџил Ван Дајк во 63 и Рајан Гравенберх во петтата минута од судиското надополнување.

Головите за Норич ги постигнаа Бенџамин Гибсон во 22 и Борха Саинц во 69 минута од средбата.

Во следната фаза се најде и екипата на Вулверхемптон кој со 2:0 го елиминираше Вест Бромвич.

Немаше победник на дуелот меѓу Ватфорд и Саутемптон кои ремизираа со конечен резултат 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот