
ВИДЕО: Ливерпул и Арсенал ги поделија бодовите во дербито на „Енфилд“
Екипите на Ливерпул и Арсенал ремизираа со резултат 1:1 на стадионот „Енфилд“ во дербито од 16 коло во Премиер лигата.
Препорачано
Арсенал беше во предност веќе во четвртата минута кога Габриел Жезус погоди со глава по центаршутот на Одегард од слободен удар.
Играчите на Јирген Клоп тргнаа по израмнување и тоа се случи во 29 минута кога Салах се ослободи од својот чувар Зинченко и ја затресе мрежата на гостите.
До крајот на мечот имаше по една добра шанса на двете страни, во завршницата од првото полувреме Сака го пронаде Мартинели, а Бразилецот од 11-12 метри за малку беше непрецизен.
Ливерпул се закани во 73 минута по една одлична контра, Александер-Арнолд силно шутираше од 12-13 метри, но пречката го спаси тимот на Микел Артета.
Арсенал останува на врвот со еден бод повеќе во однос на Ливерпул и Астон Вила, на четвртото место е Тотенхем со 36, а на петтата позиција е Манчестер сити со 34, со напомена дека „граѓаните“ имаат еден натпревар помалку.
ВИДЕО: Лутон непријатно го изненади Њукасл во Премиер лигата