фото: EPA-EFE/PETER POWELL

ВИДЕО | Ливерпул го совлада Вест хем, Салах урна нов рекорд во Премиер лигата

Секој противник во најсилната фудбалска лига во светот бара голем напор, но најтешките натпревари се оние каде што тие бодови се најпотребни.

Ливерпул е многу блиску до освојување на нова титула Премиер лигата во клупската историја, а со победата од 2:1 (1:0) над Вест Хем, се приближи на еден чекор до таа цел.

Мохамед Салах одигра незаборавен натпревар, откако стигна до својот 45 гол во англиското првенство со асистенција во 18 минута од натпреварот, поставувајќи нов рекорд во Премиер лигата (во сезони со 20 екипи).

Досега Египќанецот Салах има 27 голови и 18 асистенции, а е само три гола подалеку од престигнување на Алан Ширер, кој имаше 48 настапи во сезоната 1994/1995.

Израмнија „чеканите“ во 86 минута по автоголот на Робертсон, а само 180 секунди подоцна „црвените“ стекнаа позитива преку Виржил ван Дајк.

Ливерпул е на првото место на табелата со 76 бодови, 13 повеќе од второпласираниот Арсенал, додека Вест хем е на 17 позиција со 35.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот