Фото: Liverpool FC/FB

ВИДЕО: Ливерпул ги претстави дресовите за новата сезона, спој на модерното време и традицијата

Eкипата на Ливерпул и официјално го започна новото спонзорство со германскиот спортски бренд „Адидас“, со претставување на новите домашни и гостински дресови за сезоната што следи.

Соработката, која денеска стапи во сила, е договорена на период од десет години и може да му донесе на клубот до 600 милиони фунти, доколку се активираат сите бонуси. Ова е третпат „црвените“ да се здружат со „Адидас“, по претходните успешни периоди од 1985 до 1996 и од 2006 до 2012 година.

Новите дизајни претставуваат спој на современите технологии на „Адидас“ со богатата традиција на Ливерпул. Домашниот дрес доаѓа во препознатливата црвена боја, дополнет со бели ленти на ракавите и елегантна тркалезна јака, додека гостинскиот е инспириран од класичните изданија, со бела основа и акценти во црна и црвена боја.

Новите дресови, достапни и во варијанти со кратки и долги ракави, беа промовирани преку креативно видео инспирирано од „Алиса во земјата на чудата“, во кое настапуваат актуелни ѕвезди од машкиот и женскиот тим, како и некои од најголемите легенди на клубот, сер Кени Далглиш, Јан Раш, Џон Барнс, Роби Фаулер и Џејми Карагер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот