X@EuroBasket

ВИДЕО: Литванија собори рекорд на европските првенства во првиот меч на Евробаскет 2025

Литванците постигнаа дури 57 скока што е досега незабележано на европските самити

Во првиот натпревар од Евробаскет 2025 Литванија го собори рекордот во скокови на европските првенства со 57 скока во победата од 94-70 над Велика Британија.

Претходно, рекордот во скокови го држеа Русија и Хрватска. И двата тима имаа по 54 скока, во 1995, односно во 2013 година.

Јонас Валанчиунас имаше најголем ефект во овој сегмент за Литванија со девет скока.

Центарот на Денвер нагетс беше и еден од најдобрите играчи на Литванија на теренот, завршувајќи го натпреварот со 18 поени (7/13 од игра, 4/6 слободни фрлања), 9 скока, една асистенција и две украдени топки.

Ова е 42. европско првенство.

ВИДЕО | Литванците ја оправдаа улогата на фаворит со победа над Велика Британија на Евробаскет

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот