фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО: Лионел Меси продолжува да блеска во дресот на Интер Мајами

Лионел Меси изминатата ноќ го водеше Интер Мајами до победа во дербито на Флорида против Орландо со резултат 3:1.

Аргентинецот постигна два гола, и двата со одлични волеј удари, што го донесе на насловните страници на американските медиуми каде фудбалот најчесто е во втор, а почесто во трет план.

Невообичаено, Меси не го изведе пеналот на својот тим во 51 минута, туку му ја подари топката на соиграчот Џозеф Мартинез, кој беше прецизен од белата точка.

На три натпревари за Интер Мајами, Меси веќе има учинок од пет гола и една асистенција.

Интер се пласираше во четвртфиналето на КОНКАКАФ Лига купот каде ќе игра со уште еден ривал од МЛС лигата – Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот