фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

ВИДЕО: Лионел Меси постигна прекрасен гол во ремито против Шарлот

Фудбалерите на Интер Мајами не успеаја да го победат Шарлот во натпреварот од регуларниот дел од сезоната во МЛС лигата кој заврши 1:1.

Полскиот напаѓач на гостите Карол Свидерски го отвори резултатот во 57 минута, а нешто подоцна израмни Лионел Меси.

Меси го постигна голот со препознатлив удар од 20 метри, погодувајќи го аголот од голот на гостинската екипа, со што го постави конечниот резултат.

За аргентинскиот ас тоа беше вкупно 841 погодок во професионалната кариера.

И покрај ремито, Интер е лидер во Источната конференција со осум бода пред Колумбус кој има и натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот