Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Лила Филиповска сподели нови детали за тешката болест со која се бореше: „Не секоја бура доаѓа да направи хаос…“

Македонската водителка Лила Филиповска е една од жените-борци, која помина низ тешка борба со ракот на дојка. Лила со своите изјави и објави постојано се обидува да ги охрабри сите жени кои поминуваат низ истата голгота, а истовремено и да ја крене свеста за оваа подмолна болест.

Сега, водителката со емотивна објава на нејзиниот инстаграм-профил откри нови детали за нејзината здравствена состојба и се пофали дека пет-скенот ѝ е повторно чист.

„Не секоја бура доаѓа да направи хаос, некоја ти ги расчистува патиштата. Денес чист пет-скен пријатели мои и животот е поубав. Само сакав да споделам и потсетам да уживаме во животот што ни е даден за што понекогаш доцна сфаќаме… Бидете ми здрави и живи“, напиша Лила покрај видеото на кое праќа бакнежи.

Да потсетиме, пред повеќе од две години Лила Филиповска беше подложена на петчасовна операција на канцер на дојка, по што успешно се избори со оваа подмолна болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

ВИДЕО | Како што е адетот, Лила на традиционален начин го прослави раѓањето на Пабло и Петко: Нејзината имењачка стана мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот