
ВИДЕО| Лига на конференции: Голчиште на Паје, Рома повторно загуби од Бодо
Фудбалерите на Олимпик Марсеј на гостувањето во Солун идната недела во реванш четвртфиналниот натпревар во Лигата на конференции ќе имаат предност од еден гол откако вечерва со 2:1 го совладаа ПАОК.
Препорачано
Натпреварот го одбележа поранешниот француски репрезентативец Димитри Паје кој постигна прекрасен гол за Марсеј во 45 минута за водство од 2:0. Претходно Марсеј поведе во 13 минута со голот на Жерсон по асистенцијата на Паје.
Payet ?pic.twitter.com/4ikmrhQAWY
— GoncaloDias17 ?? (@goncalo_diass17) April 7, 2022
На самиот старт од второто полувреме, Ел Кадури со голот во 48 минута го врати ПАОК во живот. Домаќините пропуштија одлична можност во 74 минута преку Салиба да постигнат уште еден гол, но неговиот шут заврши во директно во рацете на голманот на ПАОК, Паскалакис.
Бодо/Глимт повторно ја совлада Рома, овој пат со 2:1 и со голем оптимизам патува во Рим на реваншот. Норвешкиот тим во групната фаза ја декласира Рома победувајќи со 6:1, а и вечерва играчите на Бодо тргнаа офанзивно. Беа подобар тим во првото полувреме, но играчите на Рома се радуваа бидејќи Лоренцо Пелегрини во 43 минута го совлада Хаикин.
Примениот гол, не ги обесхрабри фудбалерите на Бодо кои во второто полувреме направија пресврт постигнувајќи два гола за триумф од 2:1. Во 55 минута, Улрик Салтнес го израмни резултатот, а победничкиот гол го постигна Хуго Ветлесен во 89 минута.
Резултати:
Феенорд – Славија 3:3
Бодо Глимт – Рома 2:1
Лестер – ПСВ 0:0
Олимпик Марсеј – ПАОК 2:1