
ВИДЕО | Легендарното „Just Do It“ заминува во историјата, „Најк“ има нов слоган
Речиси четири децении по лансирањето на слоганот што стана симбол на спортот и одлучноста, „Just Do It“, спортскиот гигант „Најк“ прави голема промена и место тој слоган во иднина ќе се користи „Why Do It?“.
Препорачано
Целта на промената е да се допре до новата генерација спортисти, млади луѓе кои сè уште ја бараат својата мотивација, кои се пред првиот голем потег и кои сонуваат да остават трага. Наместо да се слават моментите на успех, новата кампања ги става во фокус одлуките, сомнежите и ризиците кои претходат на победата.
Рекламата, која премиерно беше објавена на 4 септември, е дело на реномираната агенција Wieden+Kennedy, а во неа се појавуваат имиња како Леброн Џејмс, Карлос Алкараз, Винисиус Жуниор, Кејтлин Кларк…
Со овој нов пристап, Најк се обидува да ја врати врската со спортистите и спортот како суштина, откако последните години се соочува со пад во продажбата и силна конкуренција. Брендот се дистанцира од „lifestyle“ маркетингот и повторно го става фокусот на спортските перформанси, големите настани и автентичните приказни зад секој спортист.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
12мин
-
16мин
-
25мин
-
28мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5