Фото: Screenshot

ВИДЕО: Легендарните Кармело Ентони и Двајт Хауард примени во „Куќата на славните“

Американските кошаркарски легенди Кармело Ентони и Двајт Хауард од вчера и официјално се дел од Куќата на славните на кошарката, откако беа примени на свечена церемонија што се одржа во Спрингфилд, Масачусетс.

Но, освен како индивидуалци, Ентони и Хауард беа овековечени и како дел од познатиот олимписки состав на САД од 2008 година, т.н. „Redeem Team“, кој по големото разочарување во Атина 2004 успеа повторно да ја врати американската репрезентација на врвот со златото од Пекинг.

На листата на новопримените членови се најдоа и некои од најголемите имиња од женската кошарка, легендарните Маја Мур, Силвија Фаулс и Сју Берд. Почестен беше и еден од најискусните НБА судии, Дени Крофорд, актуелниот тренер на Чикаго Булс, Били Донован, како и сопственикот на Мајами Хит, Мики Арисон.

Свеченоста беше полна со емоции, Хауард на сцената им оддаде признание на своите родители за поддршката низ целата кариера, додека поранешниот плејмејкер и тренер Џејсон Кид ги сподели своите спомени од незаборавните тренинзи и дуели меѓу Коби Брајант и Леброн Џејмс, кој исто така беше дел од церемонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот