Богданка Кузеска / Фото: Фејсбук

ВИДЕО | Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес-конференција за скандалот со наводите за пресулушвање, праша дали премиерот Христијан Мицкоски се плаши од декласификација на документите за да не се потврди милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ во случајот т.н. „Делчевски ниви“.

Таа праша зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење, ниту директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта.

„Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Од што се плаши Христијан Мицкоски? Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“?“ праша Кузеска.

Портпаролката на СДСМ потсети дека во случајот „Делчевски ниви“ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски? Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција?“ вели таа.

Постапката за декласификација на овие документи, според Кузеска е едноставна и би ги разрешила сите дилеми кои ги има во јавноста. Одбивањето на декласификација, вели таа, ќе биде доказ дека Мицкоски како тогаш така и денес не може да излезе од криминалната матрица и негова единстгвена цел е личното богатење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот