
ВИДЕО | Култниот скеч со „кичмата“ му ја одбележа кариерата: Бубо Каров раскажа како е снимен
Бубо Каров вели дека скечот каде што во К-15 раскажува за омилениот филм во кој на главниот лик му ја „скршиле кичмата“ ја одбележала неговата кариера. Во вториот дел од емисијата „Еден на Еден“, Каров раскажа како настанал овој скеч.
Препорачано
– Овој скеч е снимен од прва, и никој не знаеше дека е снимен. Јас бев дома, претходно снимаа Бранко и Васко. Имаа 3-4 скеча и јас да не чекам седев дома. Им реков да ми се јават кога ќе се готови, ама се оддолжи малку тоа. И јас седнав, ручав дома, и само што седнав ми се јавија: ‘Доаѓај ајде, завршивме ние’. Ова е снимено кај Електротехничкиот факултет во паркот. И кога дојдов таму, сфативме дека дошло време за ручек, и им реков на екипата да одат да ручаат, зашто јас сум веќе ручан, и ако седнам со нив, пак ќе ручам“. Потоа Бубо раскажа дека останал само со еден снимател. Сличен скеч како тој , додека работел „Нома радио“ веќе имал слушнато, во рубриката „Цртан филм“ во кој екипата снимала луѓе на улица како раскажуваат филмови. Кога на монтажа потоа во А1 телевизија го гледале скечот, Бубо задремал, и слушнал како се смее екипата.
– Дојди ваму дебел, кога си го снимил ова? – му рекле Васко Тодоров и Бранко Огњановски, а и тој не верувал дека овој скеч толку добро ќе излезе.
Целата епизода е на достапна на јутјуб канаот на „Еден на Еден“ на овој линк:
(Комерцијален текст)