ВИДЕО: Кристијано Роналдо со гол и асистенција во својот 1200 меч во кариерата

фото: EPA-EFE/STR

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо со гол и асистенција го круниса јубилејниот 1200 натпревар во својата професионална кариера.

Ал Наср во рамките од фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија со 4:1 го совлада градскиот ривал Ал Ријад.

По повод големиот јубилеј, на стадионот на Ал Наср во Ријад пред почетокот на натпреварот се одржа специјална церемонија за 38-годишниот Португалец.

Роналдо постигна гол против Ал Ријад во 33. минута, а пред паузата (45+3`) му асистираше на Отавио за 2:0.

Роналдо во текот на кариерата играше 31 натпревар за Спортинг (пет голови), вкупно 346 натпревари за Манчестер јунајтед (145 голови), 438 натпревари за Реал Мадрид (450 голови), 134 натпревари за Јувентус (101 гол) и до сега 46 натпревари за Ал Наср (39 голови). За репрезентацијата на Португалија одигра 205 натпревари и постигна 129 голови.

Пред Роналдо по бројот на натпревари во кариерата се само Англичаните Питер Шилтон (1375) и Пол Бесток (1286), како и Бразилците Рожерио Сени (1237) и Фабио (1212).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот