
ВИДЕО | Кралицата Бафи: Жителите на Синдерфорд крунисаа кокошка
Голема толпа се собра во британскиот град Синдерфорд во Глостершир, за да посведочи на церемонијата на „Крунисување на кокошка“ во саботата, додека траеше официјалното крунисување на Чарлс Трети, пренесува „Би-би-си“.
Препорачано
Кокошката Бафи, чија сопственичка е Ан Ламерафт, беше прогласена за кралица во градот Синдерфорд и доби почесна круна. Градоначалникот на овој град, Роџер Стери, рече дека имал голема одговорност да избере победник од 34-те кокошки кои се пријавиле за кралската функција.
@bbcnews Get her in the next series of The Crown. #Coronation #CoronationChicken #Cinderford #Gloucestershire #BBCNews ♬ original sound – BBC News
Церемонијата беше водена од Џереми Холанд, кој беше назначен за првиот градски гласник од тимот за настани, на Советот на градот Синдерфорд. Улогата му беше создадена за официјално да го собере градот на оваа интересна церемонија.
„Ова е лудо, имаме славна кокошка во Синдерфорд, и веднаш привлекуваме голема толпа. Само во Синдерфорд може да се случи ова. Како што во главниот град, го крунисуваме кралот Чарлс Трети, така овде во Синдерфорд, и ние ја крунисаме нашата кокошка“. извикувал Холанд кон толпата што го гледаше крунисувањето.
Покрај церемонијата на крунисување, Холанд и членовите на тимот за настани на советот, организираа и парада на кучиња од расата Кавалиер Кинг Чарлс.