Куклите Лабубу станаа популарни и барани/Фото: ANP, ANP / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Kрадци експресно испразнија продавница во Лос Анџелес: Украдоа кукли Лабубу вредни илјадници долари

Американските власти објавија снимка од грабеж во Калифорнија во кој се вклучени кукли Лабубу вредни илјадници долари. На снимката се гледаат маскирани крадци како ги празнат полиците на продавница во областа Ла Пуенте, источно од Лос Анџелес, минатата среда.

Канцеларијата на локалниот шериф соопшти дека кражбата се случила во 1:29 часот наутро и дека случајот е под истрага. Според полицијата, сторителите користеле возило, кое било пронајдено напуштено кратко време подоцна.

Иако полицијата проценува дека украдените кукли вредат околу 7.000 долари, точната сума останува нејасна, бидејќи цените варираат во голема мера во зависност од тоа дали се продадени или препродадени.

Според веб-страницата на продавницата, цените се движеле и до 500 долари за секоја, а огромната побарувачка довела до прекумерни зголемувања на цената од страна на препродавачите и појава на црн пазар за фалсификати.

„Тие зеле многу, веројатно околу 30.000 долари или повеќе од залихите“, рече Џоана Авентано, косопственичка на „One Stop Sales“. „Навистина напорно работевме за да стигнеме до оваа точка, а за нив едноставно да дојдат и да земат сè, како ништо да не се случило, е навистина лошо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот