Данило Анѓушиќ („Партизан“) во акција на натпреварот против Анадолу Ефес/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО: Кошаркарите на Партизан го урнаа Ефес во Евролигата

Кошаркарите на Партизан го совладаа Ефес со 100:90 во „Белградската арена“, во рамките од 27 коло во Евролигата.

„Црно-белите“ се наоѓаат на 10 место во елитното натпреварување со 13 победи и 14 порази, додека Егес е на 14 позиција со учинок 11-16.

Најефикасен кај српскиот претставник беше Аврамовиќ со 30 поени, следен од Зек Ледеј со 21 поен (осум скокови), Кевин Пунтер (16 поени) и Данило Анѓушиќ (15 поени).

Во редовите на турската екипа Вил Клајбурн беше најефикасен со 17 поени, четири помалку запиша Тибор Плајс, а „двоцифрени“ беа и Шејн Ларкин (11 поени) и Тајрик Џоунс (10 поени).

Се одиграа уште три натпревари во четвртокот: Алба Берлин – Макаби Тел Авив 71:106, Виртус Болоња – Валенсија 87:74 и Реал Мадрид – Панатинаикос 86:97.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот