Фото: Twitter/ Whipsnade Zoo

ВИДЕО | Коко, најстарото шимпанзо во Европа наполни 50 години

Едно од најстарите шимпанза во Европа, Коко, на 4 јуни го прослави својот 50-ти роденден, јадејќи ги своите омилени грицки, пишува „Би-би-си“.

Шимпанзото Коко е родено во зоолошката „Дадлеј“, Западен Мидлендс во 1973 година, а од 2006 година живее во зоолошката „Випснејд“, близу Данстебл, Бедфордшир.

Негувателот во зоолошката вели дека, женката шимпанзо Коко е во одлично здравје, иако боледува од артритис. Во зоолошката постојано се грижат за нејзиното здравје, таа добива и ласерски терапии за артритисот, со што болките ѝ се намалени и полесно се движи.

Инаку, Коко придонела за неколку важни проекти за зачувување на нејзиниот вид. Ултразвучните прегледи кои биле направени на нејзиното срце, им помогнале на експертите да ги разберат кардиоваскуларните болести кај големите мајмуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот