Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | „Која брука?“: Игор Џамбазов откри каква беља направила неговата Ферхунде

Игор Џамбазов, кој речиси секојдневно ужива во друштво нa Ферхунде, покажа каква нова беља направило неговото милениче.

Имено, откако Ферхунде во неколку наврати направи хаос во нивниот дом, кога ја изгриза неговата платежна картичка, па го уништи нејзиното скапо креветче, сега таа речила да го уништи каучот.

Во кратко, но интересно видео, Игор ја покажа ситуацијата на каучот, додека Ферхунде безгрижно си играше со нејзините играчки, па ја праша: „Која брука?“.

„Дали ти Ферхунде си ги прибра сите играчки на едно место, како мало дете? А, оваа брука, што ќе ја види сега цела Македонија? Оваа брука те прашувам сега!“, ѝ вели Џамбазов на Ферхунде во видеото .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Игор Џамбазов „удри“ по критичарите: „Ако не си го повлечеш зборот, мојот адвокат ќе ти го направи животот мизерен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот