Фото/Тикток

Видео кое насмеа илјадници луѓе: Американки наместо кон Франција, полетале кон Африка

Американската тиктокерка Бритни Џиало стана вирална откако заврши на лет за Тунис во Северна Африка, наместо за сончевата Ница во Франција.

Сите знаеме дека задолжително мора да ги прочитаме ситните букви во договорите и некако се подразбира дека и кај авионските билети треба да го провериме секој детаљ – особено ако географијата не ни е силна страна. Американската тиктокерка Бритни Џиало тоа го научи на најдуховит (и малку хаотичен) начин.

Имено, нејзиното видео стана вирално откако таа се качила на лет за Тунис – главниот град на Тунис во Северна Африка, заедно со нејзината пријателка, наместо за Ница во Франција. Девојките се качиле во авионот на „Тунисаир“ од Рим, прво смеејќи се кога некој спомнал дека летаат за Тунис… Сè додека не сфатиле дека тоа е вистина.

Во видеото се гледа како нервозно пребаруваат на Гугл каде е Тунис, а потоа ја прашуваат збунетата стјуардеса дали летот е за Ница. Одговорот бил јасен – „Не“.

Стјуардесата им покажала дека на нивните билети пишувало Тунис, а не Ница, додека тие очајно зумирале на мапата на Франција на нивните „ајфони“.

На крајот, се обиделе да избегаат од авионот, но екипажот ги убедил да седнат, објаснувајќи им дека „ќе го сменат авионот подоцна“. Проблемот бил што всушност тиа воопшто не купиле никаков билет за Ница.

По слетувањето во Тунис, имало уште малку паника и преговори со стјуардесите, но сепак девојките успеале да се префрлат и на крајот сепак да стигнат до нивната вистинска дестинација.

@brittneydzialo_

part 2

♬ original sound – Brittney Dzialo

@brittneydzialo_

Replying to @Jessica Ercolani made it to africa

♬ original sound – Brittney Dzialo

@brittneydzialo_

Replying to @graysworld

♬ original sound – Brittney Dzialo

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот