
ВИДЕО | Ќерката на Дино Дворник: Тато ми велеше: „Дрогирај се, пиј, само не пуши“
Хрватската инфлуенсерка Ела Дворник беше гостинка на хуманитарното ток-шоу „Женска приказна“, заедно со актерката Леона Парамински и водителот Душко Ќурлиќ. Сите тројца се родители на девојчиња и во оваа прилика го споделија своето искуство на оваа тема.
Препорачано
Меѓу другото, присутните во публиката ги прашаа гостите како нивните деца се справуваат со фактот дека нивните родители се познати личност, па Ела Дворник одговори преку нејзиното искуство како дете на славна личност.

Таа вели дека растењето со Дино Дворник, еден од најквалитетните хрватски музичари, ја зајакнало и покрај тоа што имало непријатни ситуации и коментари. Исто така, таа смета дека на децата треба да им се овозможи приватност и слобода, без разлика на професијата на нивните родители.
„Би сакала да им всадам некои вредности кои, нема да верувате, ми ги всади татко ми. Татко ми ми рече: ‘Дрогирај се, пиј, што сакаш прави, само не пуши цигари’. Единственото нешто што го правам сега е – пушам цигари“, рече таа.

Меѓу другото, Ела откри дека отсекогаш мислела дека ќе биде мајка на синови.
„Сега, по две ќерки, не можам да замислам да бидам мајка на момче“, рече таа.